Ѓорче од прв, Металург од втор шешир чека ждрепка – еве ги можните ривали

Eкипите на Ѓорче Петров и Металург Автокоманда, како и уште 30 тима од Европа утре ќе ги дознаат ривалите во третото коло од ЕХФ Европкиот Куп.

Македонскиот шампион ќе биде дел од првиот шешир, додека вицепрвакот Металург Автокоманда е во вториот шешир, а тоа значи дека е можен мак-двобој во Европа.

Убаво би било двата наши тима да ги избегнат шпанските преставници, потоа Хаукар од Исланд или Мадеира и Сао Педро од Португалија поради далечните патувања…

Ждрепката ќе се одржи во седиштето на ЕХФ во Виена, утре со почеток од 11:00 часот

ЕХФ Европски Куп, 3 коло, ждрепка:

шешир 1:
Ѓорче Петров (Македонија)
Сплит (Хрватска)
Кинжзварт (Чешка)
Атлетико Гуардес (Шпанија)
Бети Онак (Шпанија)
ПАОК (Грција)
Хаукар (Исланд)
Ериче (Италија)
Салерно (Италија)
Венло (Холандија)
Вестфрисланд (Холандија)
Кобержице (Полска)
Мадеира (Португалија)
Бор (Србија)
Јувента Михаловце (Словачка)
Бурса (Турција)

шешир 2:
Металург Автокоманда (Македонија)
Ацгерсдорф (Австрија)
Корнебург (Австрија)
Бјала (Бугарија)
Елче (Шпанија)
Малага (Шпанија)
АЕК Атина (Грција)
Истогу (Косово)
Каскада (Литванија)
Керженг (Луксембург)
Квинтус (Холандија)
Елблаг (Полска)
Сао Педро (Португалија)
Ајдовшчина (Словенија)
Винтертур (Швајцарија)
Душло Шала (Словачка)

Првите натпревари од третото коло ќе се одиграат на 8/9 ноември, додека реваншите ќе бидат една недела подоцна.