Лисичков броеше до 14, Текстилец падна во Гевгелија

Ракометарите на Партизан Гевгелија се израдуваа на вториот триумф во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеа дома против Текстилец со 41-37.

Предводник на гевгеличани во оваа победа беше искусниот Горан Лисичков, кој постигна дури 14 погодоци во гостинската мрежа.

Штипјани пружија голем отпор, особено во првите дваесетина минути, а во финишот на полувремето Партизан се одлепи на плус пет, 23-18.

Текстилец беше упорен, успеа да стигне до реми 29-29, но немаше сили за комплетен камбек, иако во неколку наврати до крајот одново стигна до минус еден.

Покрај Лисичков, во победничката екипа осум гола даде Јован Гетов, додека кај Текстилец се истакнаа Филип Џинес со 11 и Јован Атанасовски со осум погодоци.