Од денеска до понеделник ќе се одиграат осум натпревари од третата рунда во машката пионерска конкуренција.
Во групата А, екипите што имаат два од два – „витамините“ од Автокоманда и Охрид ќе играат на гости кај Пролет, односно дома со прилепчани.
По сениорското дерби во Супер лигата, екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат и кај пионерите.
Во групата Б, лидерите на табелата со по две победи – Куманово и Еурофарм Пелистер 2, се фаворити во двобоите со Радовиш и Шампион, па би требало да ја продолжат серијата без пораз.
Пионери, 3 коло:
група А
04/10, 12:00, Пролет – Мулти Есенс
04/10, 12:00, Вардар – Еурофарм Пелистер
04/10, 12:30, Охрид – Прилеп
06/10, 19:00, Струга – Динг
група Б
04/10, 09:45, Македонија Ѓорче Петров – Гемиџии
04/10, 13:30, Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
04/10, 18:00, Алкалоид – Тиквеш
05/10, 12:00, Радовиш – Куманово