Прилеп се мачеше 15 минути – потоа со серија 12-0 ја „збриша“ Струга

Домашните ракометари на Прилеп мораа 15-тина минути да се помачат додека најдат решение за гостите од Струга, а потоа „тутунарите“ целосно доминираа, за трета победа сезонава. Прилеп со триумфот 34-26 (18-11) се искачи погоре на табелата, но важно е дека во директен дуел со ривалите освои бодови.

Откако гостите имаа водство 8-6 и напад за „плус 3“ кој не го реализираа како да се разбудија домашните, па брзо израмнија на 8-8. Потоа имаа израмнување на 10-10 во 16 минута. И оттогаш се беше во знакот на „жолтите“ кои примија еден гол, а потоа имаа серија од 12-0 со која зголемија на 23-11 во 37 минута.

Немаше дилеми околу победникот, туку само со која разлика ќе заврши средбата. Намалија гостите на 29-22 во 51 минута, но толку можеа. Немаа ниту играчи, долга клупа, ниту време да се направи нешто повеќе.

Во последните три минути Струга успеа двоцифрената предност да ја сведен на само „минус 8“, 34-26.

Во следното коло Струга е домаќин на Куманово, а Прилеп гостува во Скопје кај Вардар.