Тотиќ и Петров комбинираа 15 гола, прва победа за Македонија Ѓорче Петров

Амбициозната Македонија Ѓорче Петров по двата порази на стартот, конечно ја запиша првата победа во новата сезона од Првата лига.

„Лавовите“ славеа на гостувањето кај Кичево сo 34-23, иако на полувремето имаа само минимална предност, 15-14.

Сепак одбраната на гостите беше одлична во вториот дел, дозволи само девет погодоци, а нападот си ја заврши својата работа.

Предводници на Македонија Ѓорче Петров до првиот триумф беа Михаел Тотиќ со осум и Бобан Петров со седум погодоци, додека кај Кичево се истакна Стефан Стефаноски со седум гола.