ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци без Абутовиќ, ГОГ со „џокерот“ Митун

Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра својот втор натпревар во Лигата на шампионите пред домашната публика во Битола.

Во салата „Боро Чурлевски“ гостува данскиот вицешампион ГОГ Гудме, кој ќе ја брка првата победа во елитното натпреварување оваа сезона.

Тренерот на македонскиот шампион, Рубен Гарабаја, го избра составот, но ќе мора против ГОГ без еден од најискусните. Повторно во екипата го нема дефанзивецот Илија Абутовиќ, кој сè уште закрепнува од повредата. Сепак, добра вест е присуството на новото засилување меѓу стативите, Сeид Хеидарирад.

ГОГ Гудме, пак, пристигна во Битола со својот адут Митун, кој и покрај тоа што не е целосно подготвен за настап, ќе биде дел од ростерот на тренерот Каспер Кристенсен.

Натпреварот започнува вечерва со почеток од 20:45 часот во „Боро Чурлевски“.