Изминатиот викенд стартуваше и женската лига во пионерска конкуренција, каде тимот на Ѓорче Петров ја брани титулата.
Шампионките на Александар Царчев славеше на гости кај Јехона во Гостивар со 30-16, а предводнички беа Ивана Глогуновска, Калина Божиновска и Деспина Станковска со по шест погодоци.
Убедливи победи остварија Металург Автокоманда, Астибо, Чаир, како и Струга во езерскиот двобој против Охрид.
Најнеизвесно беше на средбата меѓу Вардар и Шампион, која беше решена во корист на „црвено-црните“ во самиот финиш.
Пионерки, 1 коло, резултати:
Вардар – Шампион 11-9
Астибо – Кале Кичево 21-6
Металург Автокоманда – Илинден Вардар 28-6
Охрид – Струга 8-25
Чаир – Спартак 20-6
Јехона – Ѓорче Петров 16-30