Screenshot

Oвче Поле ја шокира „дробилицата“ среде Ѓорче!

Тимот на Овче Поле славеше голема победа против еден од прволигашите со амбиции за врвот, Македонија Ѓорче Петров, со 29-28.

Гостите од Свети Николе можеа многу порано да ја обезбедат победата, но дозволија „дробилицата“ да се врати во финишот и да има напад за реми.

Сепак голманот Денков го одбрани последниот шут на домашните и немаш веќе време за камбек на Македонија Ѓорче Петров, па радоста на Овче Поле можеше да почне.

Со голот на Димчевски тимот од Свети Николе стигна до плус четири 29-25 на пет минути до крајот, но иако не погоди ниту еднаш, успеа да ја сочува мрежата во последните секунди.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Буровски со осум, како и Димчевски и Димов со по шест гола, а кај Македонија Ѓорче Петров се истакна Чакалиќ со седум погодоци.