Во Автокоманда паднаа 70 погодоци

„Витамините“ од Автокоманда ја запишаа втората победа во прволигашката конкуренција, откако славеа против Шампион со 51-19.

Победата беше обезбедена уште по првото полувреме кога домаќините имаа водство од 16 погодоци, 26-10.

Вториот дел беше само рутинско одработување на започнатата работа на избраниците на Миле Бочкаровски.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Дарјан Ѓокески и Јован Петрески со по девет гола, додека кај Шампион се истакна Ненад Богоевски со седум погодоци.