Грчкиот шампион Олимпијакос го освои трофејот во Супер Купот откако славеше против АЕК Атина со 24-23.
Тимот од Пиреја поведе со 5-1, 6-2, но АЕК Атина полека се враќаше во игра и израмни на 9-9.
Вториот дел беше реприза од првиот, кога Олимпијакос водеше со четири гола, 24-20, но Шмит и Туре намалија на 24-23, кога остануваа уште две минути до крај.
Властос од АЕК Атина имаше напад за реми и за продолженија, но голманот на Олимпијакос одбрани и мечот заврши со триумф на „црвено-белите“.