Лисичков диригираше, гевгеличани со цел плен се вратија од Кичево

Тимот на Партизан Гевгелија имаше победнички старт во новата сезона од прволигашката конкуренција.

Избраниците на Ристо Узунчев по десетина минути кога беше 7-7, започнаа да ја преземаат контролата на теренот.

До паузата гостинските ракометари успеаја да стигнат до предност од шест голови, 19-13, а вториот дел беше само формалност.

Гевгеличани не само што ја задржаа, туку и ја удвоија разликата во нивна корист, па се израдуваа на бодовите во Кичево.

Горан Лисичков беше предводникот на Партизан Гевгелија со 11 погодоци, додека 16 за домаќините постигна Стефан Стефаноски.