Екипата на Овче Поле СУ ја запиша својата прва победа во новата сезона на Првата женска лига.
Во рамки на второто коло, тимот од Свети Николе беше подобар на гостувањето во Струга, совладувајќи ја екипата на Стружанка со резултат 33-26.
Домаќинките иако со подмладен ростер оваа сезона, успеаја во првиот дел да пружат силен отпор на поискусниот гостински состав.
Најистакнати кај победничките беа Елена Вучевска со 13 погодоци и Анастасија Сентовска со девет, додека кај домашните, најдобри стрелци беа Теодора Маркоска и Маја Раткушиноска со по четири гола.
Избраничките на Илија Бетувски во следното коло, кое ќе се игра по ЕХФ неделата, ќе го пречекаат тимот на Шампион во Свети Николе, додека Стружанка ќе биде слободна.