Шилегов броеше до 12, Вардар Неготино со цел плен од Свети Николе

Амбициозниот Вардар Неготино стартуваше победнички во новата сезона во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Пепи Манасков славеа на гостувањето кај Овче Поле во Свети Николе со убедливи десет гола разлика, 33-23.

На паузата неготинци имаа плус пет, 15-10, а во второто полувреме ја дуплираа предноста и немаа проблеми за да освојат целиот плен.

Предводник на победничкиот тим беше Мице Шилегов со 12 голови, а шест постигна Христи Бикоски, додека пет пати погоди Ѓорѓи Орешков.

Во составот на Овче Поле, десет гола постигна Иван Димчевски.