Веспрем станува данска колонија

Откако за наредната сезона ги потврди трансферите на Емил Нилсен и Лукас Јоргенсен, унгарскиот гигант Веспрем бара уште еден дански репрезентативец.

Станува збор за левиот бек Ласе Андерсон, член на Фуксе Берлин, кој има договор со германскиот првак до 2027 година.

Тој би требало да му се приклучи на Веспрем во летото 2026, а според „RTHandball“ веќе има усен договор меѓу него и новиот клуб.

Тоа значи дека Веспрем ќе мора да плати соодветна оштета на Фуксе Берлин за услугите на Андерсон, но парите не се проблем за унгарскиот гигант.