Карапалевски е меч-винер, Ваљадолид со трофеј влегува во сезоната!

Македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски беше стрелец на победничкиот гол за неговиот Ваљадолид, кој го освои трофејот на домашниот пријателски турнир.

Ваљадолид славеше во финалната пресметка против составот на Куенка со 25-24, откако на паузата беше 14-14.

Карапалевски беше меѓу најдобрите на теренот во победничкиот тим на Давид Писонеро, и покрај победничкиот гол даде уште два.

Ова беше одлична увертира за стартот на Асобал лигата, каде што Ваљадолид и Карапалевски наредниот викенд ќе ја пречекаат Уеска.