СКОПЈЕ 2025: Еурофарм Пелистер ја реши Војводина на стартот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеше против Војводина со 30-29 во интересен натпревар од регионалниот турнир на кој играат екипи од Македонија, Србија и Црна Гора.

Во првиот дел контролата ја имаше српскиот тим, водеше и со три гола, но Гарабаја реагираше со тајм-аут.

Во продолжение од мечот пелистерци успеаја да стопат дел од негативата и на паузата составот од Нови Сад водеше со 16-15.

Во последните десетина минути битолчани доминираа на теренот и предводени од капитенот Кузмановски направија пресврт за 29-26, до крајот Војводина намали на минус еден, но немаше време за нешто повеќе и триумфот остана за македонскиот тим.

Не играа повредените Дејан Манасков, Сеид Хеидарирад, а во ростерот не беше ниту Никола Митревски.

Во вториот натпревар од денешната програма на регионалниот турнир од 21:00 часот ќе се соочат македонскиот вицепрвак Вардар и црногорскиот шампион Ловќен.