Во крајно интересен и ефикасен меч ракометарите на Куманово беа поразени од српскиот тим Врање со 33-36.
На пријателскиот натпревар, гостите од Србија, водеа и на полувремето со два гола разлика, 19-17.
Најдобар поединец во тимот предводен од Аце Станковски беше Давид Димевски, кој десет пати ја затресе противничката мрежа.
Кумановци досега загубија во пријателски натпревар кај Еурофарм Пелистер 2, а славеа на гости кај косовскиот Кастриоти.
Следен дуел во претсезоната, Куманово ќе игра на гости кај прволигашот Младост Богданци.