Европската ракометна федерација ги потврди термините за двомечот од второто коло во ЕХФ Купот меѓу Куманово и литванскиот тим Гарлијава.
Првата средба меѓу македонскиот и литванскиот тим ќе се игра во Гарлијава на 27 септември од 16:00 часот.
Реваншот од второто коло во ЕХФ Купот ќе се игра во реновираната градска сала во Куманово на 4 октомври од 19:00 часот.
Куманово се враќа во Европа по една сезона пауза, откако во сезоната 2023/24 беше елиминиран од швајцарскиот Херцогенбуше.