Женската кадетска репрезентација на Словачка е сензационален финалист на Европското првенство за кадетки во Црна Гора.
Иако пред стартот на ЕП никој не предвидуваше дека словачките репрезентативки можат до финале, сепак тие се изненадување и за ракометните стручњаци.
Во полуфиналето беа подобри од домаќинот Црна Гора со 29-27, додека претходно во четвртфиналето ја елиминираа и Данска со триумфот 30-29.
Ривал на Словачка во финалето и битката за злато ќе биде селекцијата на Хрватска, која победи против Шпанија со 31-28.