Амбициозниот Охрид со девет засилувања денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26.
Клубот во наредната сезона влегува мотивирано со сериозни амбиции, а новиот проект ќе го води српскиот стратег Борис Ројевиќ.
Стручниот штаб на првиот тренинг ги имаше на располагање сите ракометари, освен повредениот Теимураз Орјоникидзе кој рехабилитацијата ја одработува во Грузија.
Ројевиќ смета на десет засилувања, меѓу кои и на повратникот во екипата од позајмица, Никола Шипинкоски.
Ростер на Охрид, 2025/26:
Стручен штаб:
Борис Ројевиќ – тренер
Наум Бабачев – помошник тренер
Крсте Андоновски – помошник тренер
Зоран Георгиески – тренер на голмани
Андрија Њаради – кондициски трнер
Љупчо Атанасов – физиотерапевт
Димитар Спироски – физиотерапевт
Огнен Шешоски – доктор на екипата
Голмани:
Градимир Чаневски
Даниел Ѓорѓески
Бојан Блажески
Пивоти:
Иван Тасески
Владимир Бојаниќ
Николаос Лиапис
Ориол Реј Моралес
Леви крила:
Гоце Ојлески
Никола Ристески
Леви бекови:
Теимураз Орјоникидзе
Анте Иванковиќ
Стефан Петриќ
Дејан Кукуловски
Илија Трајчески
Средни бекови:
Ловро Јотиќ
Тилен Стрмљан
Десни бекови:
Предраг Вејин
Давид Савревски
Никола Шипинкоски
Десни крила:
Дарко Ѓукиќ
Гал Цирар