Капитенот на македонската репрезентација и на шампионот Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски и претстојната сезона ќе биде најважната алка во составот на битолчани.
Сега е активирана клаузулата во неговиот договор за продолжување на престојот во Битола, а тоа го потврдија и шампионот Еурофарм Пелистер и Кузмановски на социјалните мрежи. Двете страни уште по крајот на минатата сезона најавија останување на капитенот, но се чекаше само клупска потврда.
Тој се врати во Битола во 2023 година по настапите за Магдебург, Вецлар и Хановер во Бундес лигата, а тоа се покажа како полн погодок и за самиот Кузмановски, но и за битолскиот клуб.
Битолчани ќе стартуваат со подготовките на 23 јули, а ова лето ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид од 19 до 23 август, како и на турнирот во организација на Министерството за спорт од 29 до 31 август, пред да го одиграат Супер Купот на 3 септември.