Еве како тргуваа ривалите на Вардар

Ракометарите на Вардар денеска го стартуваат настапот во Лигата на Европа со домашен натпревар против хрватскиот Сесвете.

Во Вардар во летниот преоден рок имаше големи измени во играчкиот ростер, за разлика од ривалите во групната фаза. Во шведскиот Кристијанштад дојдоа само тројца – голманот Ал Кафаџи, пивотот Хогхиелм и десното крило Кјелман.

Во францускиот Тулуз дојдоа четворица, а заминаа шестмина, меѓу кои и Урош Митровиќ кој дојде во Вардар. Меѓу засилувањата најзвучно е левиот бек од словенечкиот Горење, Енес Слатинек Јовичиќ.

Од хрватскиот Сесвете замина само искусниот пивот Марино Мариќ, а дојдоа четворица млади ракометари, меѓу кои десното крило Молц од Загреб, со кој играше во ЛШ, како и пивотот Лулиќ, кој дојде од грчкиот АЕК Атина со кој беше дел од ЕХФ Европскиот Куп.

КРИСТИЈАНШТАД

дојдоа: Вилијам Хогхиелм (Спортинг Лисабон), Хајдер Ал Кафаџи (Баја Маре), Лиам Кјелман (Винслов)

заминаа: Андреас Седерхолм (пензија), Сасер Сон (Екс Ан Прованс), Зоран Бошиќ (Сковде), Хуго Франк (Винслов), Елијас Карлсон (Ахус)

ТУЛУЗ

дојдоа: Понтус Бролин (Савехоф), Хуго Јунд (Шарт), Енеј Слатинек Јовичиќ (Горење Велење), Ернест Пино Роси (Нанси)

заминаа: Матје Мармие (Данкерк), Каспер Кал (ГОГ Гудме), Урош Митровиќ (Вардар), Антони Дониецки (Кретеј), Јасин Белкаед (Трембле), Максим Жилбер (пензија)

СЕСВЕТЕ

дојдоа: Тин Баковиќ (Чаковец), Максимилијан Молц (Загреб), Петар Лулиќ (АЕК Атина), Невио Кнезовиќ (Дубрава)

заминаа: Марино Мариќ (Будаи)