Марија Тасевска си замина од Униреа Слобозиа

Македонската репрезентативка Марија Тасевска во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Левокрилната ракометарка не е повеќе дел од тимот на Униреа Слобозиа, со кој играше во Втората лига на Романија.

Тасевска претходно играше во српската Јагодина, како и во Дорнбирн, кој го внесе во елитната конкуренција во Австрија.

Во Македонија, Тасевска беше дел од Металург, додека на меѓународна сцена ги бранеше боите и на ПАОК Солун.

Од Униреа Слобозиа си замина и втората македонска репрезентативка Ивана Арсениевска, која потпиша за полскиот Кошалин.