Седум македонски тимови денеска во Виена ќе бидат дел од евро-лотаријата и ждрепките во Лигата на Европа и ЕХФ Европскиот Куп.
Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена ќе се одржи најголемата претсезонска ждрепка во која повеќе од 150 екипи во машка и женска конкуренција ќе ги дознаат своите ривали во второто и третото европско клупско натпреварување.
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП – ЖЕНИ
Ждрепката ќе стартува со женскиот ЕХФ Европски Куп каде што Македонија ќе има четири претставници, а три од нив денеска ќе дознаат против кои ривали ќе играат во второто коло – Металург Автокоманда, Чаир и Куманово.
Ѓорче Петров е директно пласиран во третото коло, па противникот ќе го добие во октомври. Металург Автокоманда е во првиот шешир пред ждрепката, додека Чаир и Куманово се дел од вториот шешир.
Металург Автокоманда го „фати“ последниот воз за прв шешир во второто коло и може да игра против Чаир или Куманово, но убаво би било да избегне шпанските Елче и Репласа, италијанскиот Ериче, како и полскиот Елблаг…Убаво е ако им се падне некоја од екипите од Косово, Луксмебург или Азербејџан.
За Чаир и Куманово покрај Металург Автокоманда, меѓу можните противници има три „џек-пота“ – кипарската Лација, бугарскиот тим Бјала, како и азербејџанскиот Азераил. Сигурно никој не го посакува Селфос од Исланд, како и словачкиот првак Дунајска Стреда или шпанската Малага.
Коло 2 (27/28 септември – 04/05 октомври)
шешир 1: Вестфрисланд (Холандија), ПАОК (Грција), Кобержице (Полска), Сплит (Хрватска), Х71 (Фарски Острови), Салерно (Италија), Железничар Инџија (Србија), Галичанка Лвов (Украина), Макаби Рамат Ган (Израел), Ацгерсдорф (Австрија), Криваја (Босна и Херцеговина), Винтертур (Швајцарија), Ајдовшчина (Словенија), Истогу (Косово), Азераил (Азербејџан), Керженг (Луксембург), Каскада Гарлијава (Литванија), Лација (Кипар), Бјала (Бугарија), Малага (Шпанија), Дунајска Стреда (Словачка), Трабзон Ортахисар (Турција), Сао Педро (Португалија), Селфос (Исланд), Металург Автокоманда (Македонија)
шешир 2: Венло (Холандија), Артас (Грција), Елблаг (Полска), Ериче (Италија), Бор (Србија), Холон (Израел), Корнебург (Австрија), Крајина Чазин (Босна и Херцеговина), Литија (Словенија), Самадреџа (Косово), Кур (Азербејџан), Дуделанж (Луксембург), Репласа (Шпанија), Слован Дусло Шала (Словачка), Брага (Португалија), Чаир (Македонија), Квинтус (Холандија), АЕК Атина (Грција), Феризај (Косово), Диферданж (Луксембург), Куманово (Македонија), Шќипоња (Косово), Елче (Шпанија), Ускудар (Турција), Панорама (Грција)
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП – МАЖИ
Во машкиот ЕХФ Европскиот Куп, Македонија ќе има три претставници. Бутел Скопје ќе стартува од првото коло и ќе биде дел од вториот шешир.
Кавадаречки Тиквеш и Охрид се дел од второто коло во третото по ранг европско клупско натпреварување. Кавадарчани ќе бидат во вториот шешир, додека Охрид е рангиран високо и ќе биде дел од првиот шешир пред ждрепката. Како и во женскиот ЕХФ Европски Куп, така и во машкиот нема ограничувања во однос на два тима од иста држава да можат да играат меѓусебе во оваа фаза.
Охриѓани имаат тим со кој треба да дотуркаат до завршницата на ова натпреварување, иако на пример има „нагазни мини“ и меѓу нивните можни ривали како на пример словенечкиот Целје, додека сите останати не би требало да претставуваат пречка за „гладијаторите“. Можен е македонски дуел, бидејќи и Тиквеш е меѓу потенцијалните ривали за Охрид.
Кавадарчани може да налетаат на Охрид, Војводина, Тримо Требње, Бешикташ, Татабања, но и да добијат „џек-пот“ од типот на англискиот Оксфорд Универзитет. Има и ривали кои би можеле да бидат по мерка од косовскиот Раховец, белгискиот Бохолт, летонскиот Добеле.
Бутел Скопје нема премногу избор меѓу ривалите. Гранитас не би бил добар избор поради сложеното патување, убаво би било да се избегне и грчкиот ПАОК, а меѓу посакуваните ривали сигурно е косовската Беса, естонската Мистра, можеби босанската Вогошча…
Коло 1 (6/7 септември – 13/14 септември)
шешир 1: Бејкоз (Турција), Строволос (Кипар), Мистра (Естонија), Беса (Косово), Дуделанж (Луксембург), Гранитас Каунас (Литванија), ПАОК (Грција), Вогошча (Босна и Херцеговина), Сасари (Италија)
шешир 2: Вослау (Австрија), Спор Тото (Турција), Еш (Луксембург), Врилисија (Грција), Бутел Скопје (Македонија), Констанца (Романија), Слога Добој (Босна и Херцеговина), Балатонфуреди (Унгарија), Депсас (Турција)
Коло 2 (11/12 октомври – 18/19 октомври)
шешир 1: губитник од ЛЕ квалификации, Олимпијакос (Грција), Хафнарфјордур (Исланд), Војводина (Србија), Охрид (Македонија), Рунар Сандефјорд (Норвешка), Бузау (Романија), Тримо Требње (Словенија), Извиѓач (Босна и Херцеговина), Татабања (Унгарија), Дукла Прага (Чешка), Повашка Бистрица (Словачка), Конверзано (Италија), Кремс (Австрија), БК-46 (Финска), Бешикташ (Турција), Сур Арау (Швајцарија), Анортозис (Кипар), Бохолт (Белгија), Полва Сервити (Естонија), Мотор Запорожје (Украина), Холон (Израел), Раховеци (Косово), Волендам (Холандија), Х71 (Фарски Острови), Диферданж (Луксембург), Ловќен (Црна Гора), Кур (Азербејџан), Драгунас Клапиепа (Литванија), Тенакс Добеле (Летонија), Оксфорд Универзитет (Велика Британија), Диомидис Аргус (Грција)
шешир 2: Металопластика (Србија), Тиквеш (Македонија), Нербо (Норвешка), Целје (Словенија), Коњух (Босна и Херцеговина), Брно (Чешка), Мањано (Италија), Тирол (Австрија), Нилуфер Бурса (Турција), Европски Универзитет (Кипар), Вилјанди (Естонија), Макаби Тел Авив (Израел), Кастриоти (Косово), СТИФ (Фарски Острови), Берхем (Луксембург), Будванска Ривиера (Црна Гора), Баку (Азербејџан), Свиеса (Литванија), Драма (Грција), Динамо Панчево (Србија), Леотар (Босна и Херцеговина), Албатро Сиракуза (Италија), Фиверс Маргаретен (Австрија) + девет победници од првото коло
ЛИГА НА ЕВРОПА – МАЖИ
Покрај Вардар, кој е пласиран директно во групната фаза, втор македонски претставник во Лигата на Европа ќе биде и „сино-белиот“ тим од Автокоманда.
Тимот на Кирил Лазаров е во вториот шешир и има голем избор на ривали за единствената квалификациска пречка до групите. Најтешка варијанта е бундеслигашот Хановер, а има и ривали од типот на португалската Мадеира, хрватскиот Сесвете, полскиот Хробри Глогов, швајцарскиот Берн Мури…кои би биле како порачани за македонскиот претставник.
квалификации (30/31 август – 6/7 септември)
шешир 1: Хановер (Германија), Мадеира (Португалија), Торелавега (Шпанија), Морс (Данска), Берн Мури (Швајцарија), Малме (Шведска), Сесвете (Хрватска), Стјарнан (Исланд), Хробри Глогов (Полска), Горење Велење (Словенија), Брага (Португалија)
шешир 2: Криенс Луцерн (Швајцарија), Карлскрона (Шведска), Дуго Село (Хрватска), Сен Рафаел (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Скандерборг (Данска), Чаковец (Хрватска), Савехоф (Шведска), Баја Маре (Романија), Алкалоид (Македонија), Елверум (Норвешка)
специјални квалификации: Партизан (Србија) – Бањик Карвина (Чешка)