Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го започнува разигрувањето за пласман од 9 до 24 место на Европското првенство во Црна Гора.
По трите порази во групната фаза, избраничките на Симе Симовски ќе ги имаат Литванија и Исланд во новоформираната група К.
Балтичката репрезентација исто така загуби три пати – од Данска, Црна Гора и Исланд, па исто како и Македонија ја брка првата победа.
Нашите ракометарки сега имаат втора цел – пласман во ТОП 16, што ќе донесе пласман на Светското првенство следната година. За тоа да се случи ќе бидат потребни две победи во оваа фаза.
Натпреварот меѓу Македонија и Литванија се игра од 14:30 часот во „Верде“ во Подгорица, а судијки ќе бидат Луција Јаношикова и Барбора Бочакова од Словачка, додека делегати се Оивинд Тогстад од Норвешка и Росица Димкова од Бугарија.
Европско првенство, распоред на натпревари:
главна рунда
17:00 Чешка – Данска
17:00 Франција – Хрватска
17:00 Србија – Германија
19:30 Унгарија – Црна Гора
19:30 Норвешка – Австрија
19:30 Шведска – Шпанија
разигрување за пласман
12:00 Полска – Исланд
12:00 Словенија – Турција
12:00 Швајцарија – Романија
14:30 Финска – Фарски Острови
14:30 Македонија – Литванија
14:30 Португалија – Холандија