📷 Ресенчани четврти пат играа за Зоки, Були и Котле – му оддадоа почит и на Јовиќ

Четврта година по ред беше организиран ревијалниот натпревар под мотото „Преспа за Зоки, Були и Котле”  за легендите на ракометот од Ресен – Зоран Стојановски, Булент Ибрахим и Илче Котевски.

Специјални гости на настанот беа македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, како и синот на прерано починатата македонска ракометна легенда Александар Јовиќ кој што настапуваше за ресенскиот клуб “Јафа Промет”.

Во таа чест на синот на Александар, Лука Јовиќ, беше доделен и дрес со препознатливиот број 7 што го носеше десното крило.

На натпреварот играа голем број ракометари од Ресен што играат низ другите клубови низ Македонија, а меѓу нив Дејан Кукуловски, Ласко Андоновски, Димитар Ѓеоргиевски, Ален Ќосевски…