Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, Филип Ивиќ, по вчерашниот отказ од српскиот вицепрвак Војводина, се огласи на социјалните мрежи.
Војводина му го раскина договорот на хрватскиот чувар на мрежата, откако Ивиќ беше присутен на концертот на контроверзниот музичар Марко Перковиќ Томпсон, кој според Србите има песни што го навредува нивниот народ.
Ивиќ потенцира дел дека
„Воспитан сум да го сакам своето и да го почитувам туѓото. Во мојата досегашна кариера имав чест да бидам во тимови со играчи од сите нации, сите религии и сите политички убедувања. Судирите ни беа само на теренот, во духот на фер-плејот, а надвор од теренот бевме неразделни.
Вечерта беше особено емотивна за мене бидејќи на овој концерт бев без мојот најдобар пријател Никола Покривач, кој неодамна трагично го загуби животот, а како репрезентативец ги прославував победите на нашите „ватрени“ со стихови за единство и поврзување на сите граѓани на Хрватска со песната „Убава си ти…“.
Секое негативно толкување на моето доаѓање на концертот, освен уживањето во песната што поврзува 500.000 луѓе и оддавањето почит на мојот пријател – е неосновано.
Секако, го почитувам правото на мојот сега веќе поранешен клуб да донесува свои деловни одлуки во согласност со своите проценки. На моите поранешни соиграчи со кои сè уште не сум играл и на мојот поранешен клуб Војводина им посакувам се најдобро и голем успех понатаму на спортскиот терен од дното на моето срце.
Продолжувам да тренирам, да се борам за спортските вредности и духот на олимпизмот од мојата професионална кариера и да бидам она во што сум најдобар – спортист со отворено срце и ум. Ве молам, сметајте го ова како моја единствена јавна изјава на оваа тема. Ја сакам мојата татковина, мојот народ и мојата вера“, напиша Ивиќ на Инстаграм.
Филип Ивиќ си „играше“ со оган – Војводина не му прости и го раскинува договорот!