Ракометниот Суд на ЕХФ донесе одлуки во неколку дисциплински постапки поврзани со натпревари под организација на Европската ракометна федерација, како на клупско така и на репрезентативно ниво.
Федерациите на Полска и Хрватска добија казна од по 1.500 евра затоа што немаа претставници на задолжителната работилница за машкото ЕП 2026, која се одржа по извлекувањето на групите во Билунд, Данска.
Дополнително, Естонската ракометна федерација е казнета со 2.000 евра (од кои 1.000 евра се условна казна). Во март 2025 година, Естонија не регистрирала лиценциран тренер за квалификацискиот турнир за женското ЕП 2026 кој се играше во Тузла, Босна и Херцеговина.
Полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп помеѓу Извиѓач и АЕК Атина, одиграно на 26 април 2025 година, донесе хаос и на теренот и на трибините. Навивачите на Извиѓач фрлале предмети на теренот, а имало и неовластено влегување во теренот од страна на поединци поврзани со двата клуба.
Судот ги казни Извиѓач и АЕК Атина со по 3.500 евра, а дополнителна казна од 4.000 евра доби босанскиот клуб поради опасното однесување на публиката.
Слична ситуација имаше и во четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа кај дамите помеѓу Дунареа Браила и Икаст. По крајот на натпреварот, навивач на Браила фрли шише со вода по судиите, по што клубот доби казна од 4.000 евра за несоодветно однесување на своите навивачи.