Шпанскиот стратег Раул Алонсо и шампионот Еурофарм Пелистер се разделија спогодбено, иако имаа договор и за претстојната сезона.
Алонсо реши да ја прифати понудата од бундеслигашот Лајпциг и да се врати во Германија, каде работеше во Кил и Ерланген.
„Секогаш постојат моменти во животот што засекогаш остануваат во срцето…Денес морам да ви соопштам дека прифаќам нов професионален предизвик и заминувам од Пелистер. Оваа одлука беше тешка за мене, но на крајот верувам дека е исправна и ја донесов од семејни причини. Она што го доживеавме заедно беше навистина посебно. Шампионската титула, нашето патување во Лигата на шампиони, еуфоријата во салата, вашата поддршка, неверојатни натпревари и моменти! Ви благодарам за секој момент на поддршка. Неверојатни сте!“, напиша Алонсо.
Македонскиот првак ќе биде во трка со времето и мора да бара нов предводник на две недели до стартот на подготовките.
Раул Алонсо си замина од Битола и потпиша за Лајпциг: Еурофарм Пелистер остана без тренер