Второ ново име во Драчево Јуниор – потпиша еден од најдобрите прволигашки стрелци

По Антонио Николовски, тимот на Драчево Јуниор го донесе и второто ново име во своите редови пред стартот на новата сезона.

Станува збор за досегашниот член на Металург РА, Филип Петровски, еден од најдобрите прволигашки стрелци.

Драчевци во новата сезона ќе влезат со зголемени амбиции и ќе атакуваат на место во елитната конкуренција.

Покрај Николовски и Петровски, раководството на тимот планира уште засилувања за претстојните прволигашки битки.