Српскиот чувар на мрежата и македонски зет, Игор Арсиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој ќе го брани голот на ПАОК од Солун, а ова за него е враќање во јужниот сосед на Македонија, од каде што дојде во Тиквеш минатото лето.
Арсиќ во татковината бранеше за Напредак Крушевац и Раднички Крагујевац, пред да дојде во Македонија каде играше за Пелистер и Еурофарм Работник
Потоа се пресели во Грција и беше дел од Диомидис Аргус и ОФНИ, па потпиша за АЕК на една сезона, а имаше искуство и во израелскиот Хапоел Ашдод.
Следуваа одново две сезони во АЕК Атина, па камбек во Македонија, и сега камбек во Грција.