Куманово и Нена Нестороска во „љубов“ до 2026 година

Тимот на Куманово продолжува со склопувањето на играчкиот мозаик за претстојната сезона во која ќе се натпреварува и на домашна и на меѓународна сцена.

Средниот бек Нена Нестороска стави потпис на нов договор и ќе остане во Куманово најмалку до летото 2026 година.

По ол-раунд бекот од Португалија, Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин од Бразил, клубот задржа еден од носителите на играта од минатата сезона.

Кумановци остнаа без Ана Михајловска, која замина во Вардар и Марија Јовановска, која се пресели во шампионот Ѓорче Петров.