Македонската репрезентативка Драгана Петковска не е повеќе дел од словачкиот шампион Јувента Михаловце.
Иако Петковска имаше договор до 2026 година, тој е раскинат по взаемна согласност. Клубот остана без главните спонзори, оди под општинска власт, заминува и тренерот, но и сите интернационалки кои беа дел од тимот минатата сезона.
Македонката ја освои титулата во Словачка, а на меѓународна сцена стигна до полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Петковска кариерата ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, потоа настапуваше за првиот и втор тим на Вардар. По одличните настапи за „црвено-црните“ започна да гради интернационална кариера..
Беше дел од турскиот Андерсен, како и данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске. По авантурата во Данска, бранеше за српската Јагодина, израелскиот Макаби Ришон Ле Зион, грчкиот АЕК Атина и италијанскиот Салерно.