Францускиот првак ПСЖ го официјализираше трансферот на египетскиот репрезентативец Абделрахман Абду, кој доаѓа од египетскиот шампион Ал Ахли.
29-годишниот лев бек ќе биде дел од францускиот гигант во сезоната 2025/2026 и ќе игра под водство на тренерот Стефан Мадсен, со кој соработуваа во Ал Ахли.
Абду е докажан репрезентативец, со настапи на Светско првенство, Африканските шампионати, Олимписките игри 2024 и ИХФ Светскиот клупски шампионат.
Во ПСЖ ќе се приклучи и на својот сонародник и соиграч од репрезентацијата, десниот бек Омар Јахја.
„Чест и задоволство ми е што ќе играм за клуб од овој ранг. Возбуден сум што повторно ќе работам со Мадсен и што ќе бидам дел од толку амбициозен проект,“ изјави Абду.
Тој ќе биде замена за Рубен Марчан, кој се пресели во германскиот Мелсунген.