Македонскиот шампион Ѓорче Петров ја продолжи соработката со двете интернационалки од Гвинеја, Санкон Кадиату и Камара Мацире.
Десното крило Кадиату, која има 20 години и десниот бек Мацире, која има 19 години, дојдоа на стартот на минатата сезона, играа и на двата меча од Лигата на Европа, како и во домашното првенство.
По голманката Флавија Габина, Милица Николиќ, Катерина Дамјаноска, Ива Велкова, Емилијана Ризоска и Мила Ѓорѓиевска, Ѓорче Петров ги задржа и двете Гвинејки.
Претходно „лавиците“ ги засилија своите редови со голманката Марија Јовановска, левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, пивотот Анастасија Трпеска, како и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.