„Сино-белите“ од Автокоманда побараа „апгрејд“ за Лигата на Европа

Третопласираниот тим од македонското првенство и освојувач на ЕХФ Купот, тимот од Автокоманда, побара „апгрејд“ за второто по ранг европско клупско натпреварување.

„Сино-белите“ со пласманот во шампионатот добија место во ЕХФ Купот, но ја искористија можноста да побараат место во Лигата на Европа.

Доколку биде прифатено барањето на тимот од Автокоманда од страна на ЕХФ тогаш би требало да стартуваат во квалификациското коло.

Шампионот Еурофарм Пелистер побара вајлд-карта за Лигата на шампионите, додека вицепрвакот Вардар има директно место во групната фаза од Лигата на Европа.