Ѓорче Петров ја задржа Мила Ѓорѓиевска

Македонскиот шампион Ѓорче Петров ја задржа во своите редови и Мила Ѓорѓиевска, која долго време е дел од клубот.

По голманката Флавија Габина, Милица Николиќ, Катерина Дамјаноска, Ива Велкова, Емилијана Ризоска, Ѓорѓиевска е шестата ракометарка од тимот што освои двојна круна што стави потпис на нов договор.

Tаа е важна алка во одбраната на актуелниот првак, но знае да одигра одлично и во нападот на „лавиците“.

Шампионот Ѓорче Петров ги засили своите редови со голманката Марија Јовановска, левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, пивотот Анастасија Трпеска, како и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.

Ѓорче Петров покрај на домашна сцена, ќе биде активен и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.