🎥 Дежа-ви за Милосављев: Се ме потсетува на Вардар и 2019…

Еден од творците на убедливата победа на Фуксе Берлин над Нант со 34-24 во полуфиналето од Лигата на шампионите беше некогашниот голман на Вардар, Дејан Милосављев.

Српскиот чувар на мрежата имаше 15 одбрани и ги откажа Французите, а во изјава за 24Ракомет вели дека се го потсетува на 2019 кога освои титула со Вардар и дека посакува тоа да се случи и со Фуксе Берлин.

„Специјално чувство. Со Вардар бев првпат, не знам дали е чудо или нешто друго. Имаме иста соблекувална како со Вардар, имам иста соба како тогаш во 2019, на ист спрат е целата екипа, собата за ручек ни е иста како со Вардар, фановите се многубројни како што беа на Вардар во 2019, а се надевам дека и утре ќе се поклопи и ќе имаме уште еден чудесен ден“, изјави Милосављев за 24Ракомет.

Финалето меѓу Фуксе Берлин и победникот од дуелот Магдебург – Барса ќе се игра утре од 18:00 часот, додека мечот за трето место е од 15:00 часот во „Ланксес Арена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)