РАКОМЕТНО ЛУДИЛО: Срушен рекорд по број на гледачи во Лигата на шампионите!

На завршниот турнир во Лигата на шампионите што се одржува во Келн, беше официјално објавен нов рекорд -20.074 гледачи присутни во „Ланксес Арена“, што претставува најголем број публика досега на ова натпреварување.

Претходниот рекорд беше во „МВМ Дом“ во Будимпешта, пред две сезони, кога на дуелите од женскиот Ф4 имаше 20.022 гледачи.

Рекордот во Келн потврдува дека интересот за елитниот европски ракомет расте од година во година, а спектаклот што го нудат најдобрите четири екипи во Европа привлекува внимание од цел свет.

„Ланксес Арена“ уште еднаш го оправда статусот на дом на Ф4, нудејќи атмосфера каква што само вистинските ракометни храмови можат да понудат.