Младите пелистерци ќе ја предизвикаат Барса во битката за бронза на ЛШ

Барселона славеше против Веспрем со 43-42 во второто полуфинале, кое беше драматично и мораше да биде решено по продолженија.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 35-35, па двете екипи мораше да играат уште два пати по пет минути.

На триесетина секунди до крајот беше нерешено, 42-42, а херојот на Веспрем е Јухас, кој даде гол кога остануваа да се играат уште пет секунди.

Големото финале меѓу Веспрем и ГОГ Гудме ќе се игра утре од 11:30 во „Ланксес Арена“, додека мечот за третото место меѓу Еурофарм Пелистер и Барса ќе почне од 09:00 часот во „Дормаген Арена“.