Тимот на Металург Автокоманда, кој има големи амбиции за наредната сезона, го склопува играчкиот мозаик.
Младата стружанка, Ивана Димоска, која игра на позицијата кружен напаѓач стави потпис на нов договор и ќе игра и наредната сезона под водство на Јулијана Дамчевска.
Претходно Металург Автокоманда ги договори Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска и Сара Ристовска.
Договорите беа продолжени со голманката Софи Гошевска, десните крила Мина Ѓурческа и Марија Гугуљанова, левото крило Јана Ѓошевска, кружниот напаѓач Александра Коловска, како и левиот бек Марија Јанкуловска.
Металург Автокоманда минатата сезона го освои второто место и играше на Ф4 во Купот на Македонија, а претстојната сезона покрај на домашна сцена, ќе биде активен и во ЕХФ Европскиот Куп.