И офиицијално заврши ракометната сезона во Македонија

Ракометната сезона во Македонија официјално заврши откако беше одигран и последниот натпревар во која Бутел како домаќин во салата во Автокоманда не успеа да ги освои бодовите против третопласираниот тим на табелата. „Гостите“ триумфираа со 31-22 и ја потврдија третата позиција, додека Бутел остана на шестото место на табелата во плејфот.

Мечот немаше резултатско значење зашто однапред беше се познато и не можеше ништо да смени на табелата. Едноставно се играше за престиж, но тимот предводен од Кирил Лазаров беше поквалитетен, па на крајот победи со девет гола.

Поведоа „сините“ со 5-2, а „сивите“ израмнија на 7-7. Уште некое време Бутел се држеше, ама потоа прими неколку голови во серија пошто му дозволи на противникот да направи серија од 5-1 и на полувреме да замине со предност од 14-11.

Второто полувреме целосно во доминација на „гостинот“. Иако ривалот беше посилен, Бутел не дозволи да има двицифрена негатива. Ја заврши сезоната на 6. место на табелата, исполнувајќи ја целта да разигрува за титулата со најдобрите.

Димитар узунчев со 5 гола и Дејан Михајловиќ со 4 беа најпрецизни кај Бутел, а кај гостите по петгола постигнаа Иван Џонов, Мартин Серафимов, Александар Петковски и Давид Савревски.