Операцијата мина успешно, Ристевски го чека долг процес на рехабилитација

По скршеницата на ногата што ја заработи на полуфиналето од завршниот турнир кај младинците, Самоил Ристевски беше успешно опериран.

Неговиот клуб Еурофарм Пелисер објави дека операцијата поминала во најдобар ред, а сега кружниот напаѓач го чека долг период на рехабилитација.

Ристевски ќе паузира пет-шест месеци и сигурно ќе го пропушти есенскиот дел од сезоната, но и настапот на СП за младинци во Полска.

Тренерот Раул Алонсо ги има на располагање само Жарко Пешевски и Мохамед Мамду за последните средби од Супер лигата и Купот на Македонија.

Ова е голем проблем и за селекторот на младинците, Раде Стојановиќ, пред Мундијалот што се игра во јуни.