Македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски месец дена по повредата на лигаментите на коленото беше опериран.
Шампионот Еурофарм Пелистер објави дека операцијата поминала успешно, но левото крило го чека долг процес на рехабилитација.
Стружанецот по еден незгоден скок на мечот против Бутел Скопје ги скина лигаментите на коленото, а тоа значи долга пауза што може да трае и девет месеци, па тој би требало да се врати дури во пролетниот дел од следната сезона.
Тогашните лоши прогнози за повредата се остварија, а сега опции на лево крило на тренерот Раул Алонсо се Петар Атанасијевиќ и Дејан Манасков.