Тимот на Вардар славеше против Астибо со убедливи 49-27 во натпревар од 19 коло во плеј-офот од Женската лига.
Мечот го одбележаа нападите на двете екипи, кои постигнаа 76 погодоци, a победникот беше одлучен по првиот дел кога беше 26-15.
Кај Вардар, Леона Миленкоска имаше девет гола, а Марија Голабоска шест пати се запишаа во листата на стрелци.
Во штипскиот состав по десет погодоци постигнаа најискусните Марија Анчева и Елена Вучевска.
На табелата, Вардар се израмни со Куманово со по 11 бодови на четвртата позиција, додека Астибо останува последен без бодови.