Која е најтешката, а која „најлесната“ група што може да ја добие Македонија на ЕП

Денеска во данскиот град Хернинг ќе се одржи ждрепката за Европското првенство 2026 што ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.

Врз основа на рејтингот и на пласманот во квалификациските групи, но и пропозициите на ЕХФ за носителите, Македонија се најде во третиот шешир.

Најпрво ќе се влечат селекциите од вториот шешир, па оние од првиот, па последниот и дури на крај се репрезентациите од третиот шешир, меѓу кои и Македонија.

Македонија би можела да се падне во „група на смртта“ со Данска, Хрватска и Србија во Хернинг, или со Шведска, Хрватска и Србија во Малме, или пак со Франција, Норвешка и Србија во Осло.

Ако можеме да бираме, сигурно прва опција би била групата Д во Осло, со селекцијата на Фарски Острови од втор шешир, Унгарија од прв и со Романија или Украина од последниот шешир.

ЕП 2026 ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари во четири градови – Хернинг во Данска, Осло во Норвешка, како и Кристијанштад и Малме во Шведска.