Денеска во данскиот град Хернинг ќе се одржи ждрепката за Европското првенство 2026 што ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
Вкупно 24 селекции, од кои 20 преку квалификации обезбедија пласман на континенталниот собир, ќе ги дознаат своите ривали во групната фаза.
Врз основа на рејтингот и на пласманот во квалификациските групи, но и пропозициите на ЕХФ за носителите, Македонија се најде во третиот шешир.
Најпрво ќе се влечат селекциите од вториот шешир, па оние од првиот, па последниот и дури на крај се репрезентациите од третиот шешир, меѓу кои и Македонија.
ЕП 2026 ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари, а натпреварите ќе се играат во Хернинг, Осло, Кристијанштад и Малме.