„Дробилицата“ на максимум – ита кон суперлигашки бараж!

Тимот на Македонија Ѓорче Петров запиша убедлив триумф против Јехона со 37-29 и го задржа максималниот биланс во прволигашкиот плеј-оф.

„Дробилицата“ уште по првиот дел го реши прашањето околу победникот, откако имаше водство од седум гола, 20-13.

Македонија Ѓорче Петов сега има пет од пет во плеј-офот за вкупно 19 бодови што е доволно за трето место, но и меч помалку од вториот на табелата кој има 21 бод. Второто место води во бараж за Супер лигата.

Најдобар стрелец против Јехона беше Мартин Бучуковски со девет гола, а Марко Станојоски даде шест. Во составот од Гостивар се истакна Стефан Маринковски со седум погодоци.