Европската ракометна федерација го објави идеалниот тим на двете последни кола од квалификациите за ЕП 2026.
Меѓу нив имаше место и за македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, кој е сместен во идеалниот тим.
Томовски имаше камбек во националниот тим на Македонија, а го круниса со две маестрални партии против Естонија и Литванија.
На мечот во Талин, Томовски имаше фантастични 69% успешност на одбрани и фати 13 од 19 удари кон неговиот гол.
На дуелот со Литванија во Скопје, македонскиот чувар на мрежата исто така блескаше и имаше 11 одбрани од 20 удари, односно 55% успешност.
Покрај Томовски, во идеалниот тим на последните две кола од квалификациите се најдоа и Тен Велде, Белос, Станчиук, Ричардсон…