Ѓорѓиевска и Мифтари „летаа“ по теренот, Чаир со нов триумф

Тимот на Чаир славеше убедлива победа против Астибо со 43-29 во натпревар од 18 коло од плеј-офот во Женската лига.

Предводнички во составот на Басри Љатифи беа Стефанија Ѓорѓиевска со 16 и Рона Мифтари со 11 погодоци.

Победникот на овој натпревар беше решен уште по првиот дел, кога домаќинките стигнаа до плус десет, 21-11.

Вториот дел беше само формалност, па шанса за настап добија сите ракометарки во двете екипи.

Кај гостинките од Штип се истакнаа Марија Анчева со 12 и Елена Димова со десет погодоци.